motion digital agency

Марија: „Едни од најдобрите маркетери, се самоуки маркетери“

Запознајте ја Марија која од неодамна е Senior Partner во MOTION. Марија е личност која верува дека прогресивните идеи можат да го променат светот. Таа сака да ја зграпчи секоја можност која верува дека има потенцијал и да им помогне на бизнисите да ја раскажат својата приказна. Инаку е љубител на животните, добрата храна, како и патувањето, а во професионалниот живот се занимава со повеќе нешта за кои ја седнавме малку повеќе да ни раскаже 😊

1. Како личност чија пасија е дигиталниот маркетинг, што е за тебе најимпресивно во дигиталниот свет согласно последните трендови и нови технологии?

Како за прво прашање, не би знаела од каде да почнам! Сведочиме на голем број промени последните 3 години, или со други зборови беше редно време сите колективно да излеземе од секојдневниот шаблон. Доколку си инфлуенсер, во моментов е најрелевантно да се поврзеш со својата публика на повисоко ниво, да споделуваш точни информации и да застанеш позади брендови кои се етични и го прават истото. Оваа насока сметам дека оди во убав правец за сите, а најмногу за оние кои можеби имаат помалку следачи но имаат што да споделат.

Оттука доаѓа на сцена и UGC (user generated content) што претставува содржина креирана од самите корисници во форма на reviews, видеа, нивно мислење, и сето тоа е одлично спакувано. Тикток алгоритамот функционира беспрекорно и ни покажа една нова димензија на персонализација. Најимпресивни ми беа сите Web3 и AI/VR презентации кои имав шанса да ги слушнам firsthand од врвни компании на Web Summit минатиов ноември. The best is yet to come, a со тоа и нашите дигитални професии доколку се адаптираат.

2. Ајде малку да зборуваме за “storytelling”. Зошто е важно да го употребуваме и на кој начин го употребуваш во твојот професионален живот?

За да дискутираме за правилно искреиран “storytelling” или раскажување приказни, мора да излеземе од мајндсетот дека треба да продадеме. Тука е таа граница која брендовите не секогаш ја разбираат и сметаат дека доколку вложат во нешто, мора да имаат продажен бенефит од истото. Напротив, на долг рок преку “storytelling” доколку е добро поставен, имаме многу поголеми бенефити во градењето на еден бренд. Луѓето емотивно дозволуваат да се поврзат.

Професионално го употребувам во кампањи и стратегии кои не се од денес за утре поставени туку на подолг временски рок. Со тоа, сакам да влеам чувство на заедништво, автентичност, да се поврзат луѓето на подлабоко ниво а од сето тоа да произлезе нешто поголемо.

3. Знаеме дека по природа си “Problem solver”. На кој начин им помагаш на бизнисите да ги решат своите проблеми?

Првенствено, преку разговор. Нема ништо побитно од тоа да се сослушаме и да најдеме заеднички решение. Со соработниците кои ги имам во моментов, имаме искрена комуникација и тоа многу го ценам. Оттука, просторот за “проблеми” e сведен на минимум и на мене можат да сметаат за поддршка во развивање на нивниот бренд, маркетинг комуникации, целосна маркетинг стратегија, насоки како и она кое јас најмногу сакам да го работам – Product & Growth Marketing.

4. Дали мислиш дека бизнис светот е доволно запознаен со придобивките од маркетингот и дали правилно го искористуваат неговиот потенцијал?

Дека бизнис светот е запознаен – апсолутно, но дали одлучува максимално да ги оптимизира придобивките, за жал се уште не. Потенцијалот е огромен, навистина не е потребно многу. Голем број од бизнисите имаат перцепција дека за да креираат нешто вредно од маркетинг перспектива, треба да имаат огромни буџети. Со појавата на UGC (user generated content) веќе и класичниот метод на постирај-рекламирај изумира и тоа е сосема во ред. Тие кои го сфатија ова на време (компаниите) се веќе во огромна предност и денешното заобиколување на трендовите и свесната одлука да се биде пасивен – не е повеќе опција.

5. Од неодамна стана тренер на Академијата за дигитален маркетинг во SEDC. Какво е твоето досегашно искуство со групите со кои работиш?

Уживам! Знаење отсекогаш сум сакала да пренесувам. Тоа го правам и како менторка во Stella Network, a сега и како маркетинг тренер на Академијата за дигитален маркетинг во SEDC. Сметам дека и самите студенти се свесни колку е битно да се внесеш во предавањата за тие да имаат едно целокупно искуство. На предавањата и многу често развиваме дискусии од кои според мене произлегуваат и одлични совети за нивната понатамошна кариера, на страна предавањето. Така што, гледам да дадам максимално што можам бидејќи знам колку е битно да имаме взаемна поддршка а групата на крај да има знаење што веднаш ќе може да го примени било каде.

6. Твојата константна љубопитност те тера постојано да се надоградуваш. Кои веб страни или канали на социјалните мрежи ги сметаш за најкорисни при учење нови работи и следење на новости во индустријата?

Во последно време дали поради фактот дека започнав да работам сама, поголем дел од времето (2 часа сигурно) ги поминувам на LinkedIn каде си имам искреирано мој мини космос од маркетери кои сакам да ги следам и ми помага многу во вмрежување. Исто така многу корисни дискусии од индустријата следам на Reddit и Тwitter.

На страна од ова, има голем број newsletters како кои на неделно ниво ти даваат свежи и нови информации (како WorkDaze, TechCrunch,The Daily Carnage) а додека исполнувам некои полесни обврски често слушам подкасти.

Како маркетер со долгогодишно искуство, верувам во константна едукација, па во моментов разгледувам една обука за Growth Marketing на Growth Tribe.

7. Што би им препорачала на сите оние кои сакаат да почнат да се бават со дигитален маркетинг како фриленсери и кои се најголемите предизвици за да се влезе во сферата?

Како консултант, делот со работење сам за себе, односно на повеќе проекти или водење клиенти е дел на кој се уште се навикнувам бидејќи ми е се уште свеж. Убавината на слободата е неизмерна, а кога искуството е присутно ти си тој кој одбираш со кого ќе соработуваш и тоа е преубаво ослободително чувство.

Едни од најдобрите маркетери на денешницата, се самоуки маркетери. Не посетиле фенси факултет за маркетинг, но биле креативни и имале визија за одредени работи. Денес, имаме многу бесплатни ресурси, платформи но и одлични платени обуки кои можат да го сменат текот на нечија кариера.

И како и муабетот со програмирањето, така и овде – мораш да го сакаш ова. Навистина е динамична средина, бара многу тестирање, некогаш и грешки, но никогаш не смее да се доживее само како “постирање на социјални медиуми”. Има многу маркетинг области во кои можат многу луѓе да се пронајдат, и оние кои се аналитички настроени и оние кои се многу креативни.

Најголемите предизвици се поврзани со градење добро портфолио, па затоа пред да се започне од нула како фриленсер мојот личен совет е да бидат проактивни, да дадат шанса на некоја пракса и да се насочуваат кон проекти кои носат вредност.

8. Како за крај, кажи ни доколку имаш моќ да решиш еден проблем во светот, кој би бил и зошто го избираш токму тој?

Едукација. Нема ништо побитно од тоа сите да имаат пристап до квалитетна едукација како и пристап до целосно точни информации. Со добра едукација, речиси секој би можел да разграничи што е добро од лошо. Па така доколку сакаме да градиме општества со емпатични, грижливи и луѓе кои имаат развиена колективна свест, ова би бил мојот фокус.

more insights