motion digital agency

Уште една успешна дигитална приказна 

Минатата година започнавме една многу важна приказна заедно со СЕДЦ – Сеавус едукативен и развоен центар, во насока на креирање заедничка Академија за Дигитален Маркетинг. По успешната реализација и оваа година ја продолжуваме приказната, со цел да им овозможиме на што повеќе лица да се стекнат со потребното знаење и вештини и со тоа да ги придвижиме кон остварување на нивните професионални планови. 

Програмата за Академијата е CPD акредитирана односно меѓународно сертифицирана, а самите модули кои се разработуваат опфаќаат сѐ што е потребно да се знае во рамките на дигиталниот маркетинг. Покрај теоретскиот дел, оваа програма обрнува големо внимание и на практичната настава и работењето на реални кејсови. 

Преку сеопфатната подготовка студентите развиваат есенцијални дигитални вештини и се стекнуваат со подлабоко разбирање на дигиталниот маркетинг и најголемите трендови на денешницата. 

По завршувањето на Академијата ги втурнуваме студентите во дигиталната сфера преку отворање можности за пракса, работа во компанија, како и давање насоки во однос на реализирање на нивните идеи за отворање на сопствен бизнис или остварување кариера како независен фриленсер. 

Покрај стандардните групи со кои работиме, веќе втора година по ред отвораме и посебни групи наменети за девојки и жени, кои сакаат да ги надградат своите дигитални вештини преку субвенционирата програма, која ја реализираме заедно со IMPACT фондацијата

Овие групи ни се особено драги бидејќи како дигитална агенција, веруваме во огромниот потенцијал кај жените кои имаат интерес да работат во нашата сфера и на овој начин ги охрабруваме да го направат суштинскиот чекор. 

Сакаме да им изразиме искрени честитки на СЕДЦ за нивното влијание во унапредувањето на неформалното образование во земјата. Како образовна институција повеќе од 10 години испишуваат успешни приказни преку реализација на многубројни Академии и обуки за илјадници студенти. Покрај тоа преку нивниот акцелератор тие го стимулираат претприемништвото во Македонија, преку поддршка и инвестирање во нови стартап бизниси. 

Во MOTION цврсто веруваме дека инвестирањето во квалитетно образование и обезбедувањето на можноста што поголем број на луѓе да дојдат до истото е вистинскиот пат кој несомнено води кон правилен општествен развој и просперитет.  

more insights