Генерација Z: Карактеристики и Интереси

Генерација Z

Share This Post

Веќе добро сме запознаени со миленијалците, генерацијата која ги фати оние последни години на живот без интернет, но кои без проблем се снајдоа во дигиталниот свет.

Сега е време да ги запознаеме и новите дечки од генерацијата Z!

Како генерација тие составуваат една третина од светската популација. Родени се во периодот од 1997 до 2010 година, што значи дека најстарите имаат 23 години и веќе се втурени во светот на возрасните, односно се значаен дел од потрошувачкото општество.

Кои се нивните карактеристики, гледишта, интереси и како може да им се пристапи на пазарот?

Според многубројни спроведени анкети и прашалници, генерацијата Z не се разликуваат премногу во однос на миленијалците, имаат многу слични гледишта, но сепак постојат и значајни разлики кои треба да се потенцираат.

Тие се сметаат за слободоумни и независни, но и како група која има тенденција да преземе помалку ризици од нивните претходници. Ги нарекуваат digital-natives бидејќи се родени во екот на интернетот, но не се толку технички образовани со исклучок на употребата на социјалните мрежи.

По природа се компетитивни и се големи реалисти, спротивно на миленијалците кои се означени како генерација со пооптимистички гледишта. Нивниот претприемачки дух е веќе препознатлив и се далеку подобри во мултитаскинг.

Она што ги разликува од миленијалците е што помалку го вреднуваат класичното образование со тоа што наоѓаат други начини како да ги унапредат своите вештини. Нивното ниво на свест и наклонетост кон реализмот ги прави помалку религиозни. Кога се работи за пријателствата, повеќе вреднуваат квалитет отколку квантитет.

Како генерација која е “заразена” од употребата да технологијата и чии гледишта се поотворени, се смета дека имаат поголеми предиспозиции да страдаат од анкциозност и депресија.

Доколку влеземе во нивните умови ќе забележиме дека немаат отпор спрема промени. Нивниот главен двигател е постојаната борба за еднаквост. Тие имаат огромна толеранција спрема различностите што не е одлика кај постарите генерации (генерација X и бумерите).

Како генерација се интересираат за финансиите бидејќи се свесни колку е значајно да си финаниски образован.

Најголемиот дел од времето на интернет го трошат на YouTube, Snapchat, Instagram и TikTok, а за нив вистинските инфлуенсери се Јутуберите.

Сега откако знаеме многу повеќе за нивните особини и гледишта, полесно можеме да изградиме идеален потрошувач (ideal buying persona) со цел да можеме да ги таргетираме на правилен начин.

Знаеме дека обожуваат да комуницираат преку слики/мемиња односно употребуваат помалку текст. Нивниот опсег на внимание е само 8 секунди, наспроти 12-те секунди кај миленијалците. Помалку веројатно е дека би кликнале на некоја реклама и не се врзуваат за еден бренд бидејќи сакаат да менуваат често. Очекуваат многу повеќе од страна на грижата за корисници и начинот на кои ќе бидат услужени и сите тие одлики значат дека е потешко да им се пристапи и продаде некој производ или услуга.

Она што е интересно е дека повеќе би платиле за добар производ отколку за добро искуство. Немаат никаков проблем да направат нарачка преку мобилен уред, за разлика од миленијалците кои сѐ уште се чувствуваат покомфорно да купуваат онлајн преку својот лаптоп или компјутер.

Колку повеќе учиме за нив, толку подобро ќе можеме да ја разбереме оваа мошне привлечна таргет група и полесно да ја одредиме идеалната стратегија за пристап.

За нас генерација Z влева надеж за општеството и за иднината. Тие се вистинско освежување, но и значаен предизвик.

Доколку сакате да дознаете повеќе за нив како таргет група на вашата компанија или индустрија, закажете бесплатен виртуелен состанок. 

Александра Коложег Гиевска, Миленијалец и ко-основач на MOTION

Offline

Not everything is meant to be digital. Although we spend most of our time living on the internet, this doesn’t mean that all of our presence should be exclusively online. Let’s get physical!

Printed Promo Materials 

Corporate Branding

Event Management and Coverage

Online

Without any online presence, do you even exist? A high-performance online campaign allows you to reach the ideal target audience, and turn them into long-term customers.

Content Creation 

Lead Generation

Social Media Management

Paid Advertising

Product Promotion

Email Marketing

Strategy

Constructing effective strategies is a must-have for successful growth. Have a goal but not sure how to achieve it? We’ll make it happen! 

Digital marketing strategies 

Long-term Campaigns

Brand Awareness Campaigns

Growth hacking

Research and Analysis

Customer Care and Management

Web

We create compact, appealing and entertaining ways to present your company, so leave it to us to make you shine! 

Websites 

Web based systems 

UX/UI 

Mobile Apps 

System integration

You are not alone out there!

Drop us a line

We usually respond within hours during working days.
In case you need us to respond faster please call our office.